Грците направија лом на „Велодром“ (Видео+Фото)

Навивачите на ПАОК направија лом на култниот „Велодром“ во Марсеј и нивниот дел од трибината на која беа сместени изгледа како да минале диви орди.

Француските медиуми објавија видеа и фотографии од тоа како изгледаат трибините на кои беа гостинските навивачи.

И симпатизерите на Марсеј се познати во светот на фудбалот, па имаше инциденти и пред мечот што вчера се играше на „Велодром“ во првото четвртфинале во Конференциската лига на Европа.

 

Марсеј победи со 2:1, а според првиот меч се очекува да биде жешко и на солунска „Тумба“, каде што ПАОК ќе му биде домаќин на францускиот тим во реваншот на 14 април.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести