Не им се ризикуваше – Рускиот великан патуваше 15 часа со воз бидејќи со авион не е сигурно (ФОТО)

Рускиот тим, Локомотив Москва патуваше 15 часови со воз за мечот против Ростов Дон.

Причината за тоа е што овој град се наоѓа во близина на самата граница со Украина, па затоа од Локомотив одлучија да патуваат земјено, наместо со авион бидејќи и во тие руски погранични градови со Украина, ситуацијата не е баш најстабилна.

Така, фудбалерите и стручниот штаб на овој тим патуваа 1100 километри за да ја одиграат оваа средба која што е закажана за утре од 18:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести