Адеми со шампионски гол ја расплака хуманата Риека, Велковски беше во интересна ситуација на дербито со Динамо (Фото)

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски беше во интересна ситуација на дербито меѓу Риека и Динамо Загреб, клуб за којшто играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, и заврши со победа на шампионот од Загреб со 1:2.

Токму Аријан Адеми со победнички гол во 85-тата минута го реши дербито, кое почна на интересен начин.

Стоперот на домаќините и сите останати играчи на Риека излегоа на терен со кучиња в раце и учествуваа во хуманата акција „Вдоми ме“ што ја организира локалното друштво за заштита на животните.

И мечот почна одлично за домаќинот, кој поведе во шестата минута, но заврши со прекрасен гол на Адеми за победа од 2:1 на Динамо Загреб.

Аријан беше прецизен во финишот за комплетен пресврт и огромна победа на Динамо, кој е лидер во НХЛ и сега и топ-фаворит за нова титула.

Загрепчани имаат 63 бода и меч помалку пред Осиек со 61 бод, Хајдук со 56 и Риека со 55 бода.

Адеми го одигра целиот меч за Динамо, и тоа капитенски, и го реши можеби и клучниот меч за титулата.

Стефан Ристовски исто така беше стартер за Динамо и играше до 76-тата минута, кога беше заменет.

Велковски беше на терен кај Риека до 82-рата минута и потоа беше заменет.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести