Буфон делумно го обвини Манчини за неуспехот во баражот

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон вели дека не се лути што не бил повикан во репрезентацијата на Италија за баражот за Светско првенство, но смета дека селекторот Роберто Манчини има дел од вината за поразот од Македонија.

За Италијанците, поразот во Палермо е фијаско, а Буфон последен пат бранеше за Италија во 2018 година, но уште се нема официјално простено од националниот тим и се надеваше дека можеби ќе биде повикан за Мундијалот во Катар. Но, Италија нема да игра на СП.

„Кога бевме елиминирани од Словачка на СП 2010, тоа беше период на промени и треба да бидеме среќни што се пласиравме. Потоа дојдоа славните моменти и победата на Европско, но се покажа дека кога не сме супер мотивирани, може да загубиме од секого, а дека знаеме да се држиме цврсто во тешки моменти. Манчини е архитект на нашето ново раѓање, го освои ЕВРО, но има одговорност за поразот во Палермо. Никој немаше да се жали ако Италија беше елиминирана од Португалија на пенали, но по ваков пораз од Македонија, тешко ќе биде повторно да се рестартираме“, вели Буфон, кој е член на Парма и договорот со клубот му е до 2024, кога ќе има 46 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести