Костиќ е хируршки прецизен – Барселона чекаше пенал, а Ајнтрахт има свое шоу сред Каталонија (ВИДЕО)

Барселона има негатива од 0:3 против Ајнтрахт Франкфурт, а еден сомнителен момент се случи во 60-тата минута.

Филип Костиќ со својот втор гол ги реши сите дилеми околу победникот бидејќи тешко е дека Барса ќе се врати по три гола негатива.

При една ситуација, дефанзивецот на гостите играше со рака во своите 16 метри, ситуација слична како поништениот гол на Маркос Алонсо против Реал Мадрид, но ВАР, којшто не работеше, досуди дека нема пенал.

Велиме дека не работеше, бидејќи главниот судија, Соареш Дијаз од Португалија не можеше да гледа на својот екран, па преку слушалки комуницираше со судиите од ВАР собата.

Проценете сами дали ова беше пенал и погледнете го голот за Ајнтрахт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести