Србинот објави дека заминува – Матиќ ги игра последните натпревари за Манчестер јунајтед

Немања Матиќ на своите профили на социјалните мрежи објави дека ова ќе му биде последна сезона во дресот на Манчестер јунајтед.

Српскиот фудбалер кој што дојде од екипата на Челзи ќе ги одигра последните натпревари за тимот од „Олд Трафорд“ по што ќе остане слободен агент на 33 години.

„После долго размислување, одлучив ова да биде последна моја сезона во дресот на Манчестер јунајтед. Ми беше чест и привилегија што настапував за клуб со ваква голема традиција и останува во последните натпревари да го дадеме максимумот“ соопшти играчот од средината на теренот.

Тој во Манчестер дојде пред пет сезони а за тој период одигра 122 натпревари и постигна два погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести