Денеска со три натпревари се комплетира 28-то коло од првата македонска фудбалска лига а најинтересно се очекува да биде во Штип каде што Брегалница ќе ја дочека Шкендија.
Сите три натпревари од денешната програма се играат од 16:00 часот и тоа на терени во лоша состојба, со оглед на дождот кој што ја зафати Македонија. Сето тоа најава да се одиграат овие средби на мал број на голови.
Актуелниот првак, пак, ќе има незгодно гостување кај Брегалница која што пред своите навивачи секога игра со мотив плус. Доказ за тоа è и последната средба во Штип која што заврши 3:3, но таа се одигра во август минатата година.
Академија Пандев исто така има тешко гостување кај Ренова, каде ќе бара три бодови за да се врати во место кое што носи излез во европските натпреварувања.
Додека, пак, во Автокоманда ќе се соочат екипите на Скопје и Тиквеш 1930.