Левиот бек на Милвол, Скот Мелоун, постигна гол што претставува вистинска реткост во фудбалот, а ќе конкурира за најчуден сезонава.
Дефанзивецот на Милвол на неверојатен начин ја затресе мрежата на Хал во победата од 2:1 откако топката што сакаше да ја избие капитенот на гостите, Смолвуд, се одби од ногата на Мелоун и од 18-тина метри се одби директно во мрежата на Бакстер.
Голманот на гостите малку и заспа, но и не очекуваше ваков расплет на ситуацијата и Милвол со најчудниот и веројатно и најсреќниот гол сезонава поведе со 1:0, а потоа и победи со 2:1.
Luckiest goal of the season? This is how Scott Malone put Millwall ahead against Hull City from soccer
За Мелоун ова беше втор гол сезонава во Чемпионшип лигата на Англија и прв во 2022 година.