Одлични вести за ПСЖ – Меси нема тешка повреда, ќе го пропушти само мечот што носи титула

Лионел Меси нема потешка повреда и ќе паузира само утре, на дуелот на кој Пари Сен Жермен со победа против Анже може да ја освои титулата во Франција.

Аргентинскиот фудбалски волшебник има проблеми со Ахиловата тетива и од ПСЖ најавија дека утре од 21 часот од превентивни причини нема да биде на теренот на стадионот „Рајмонд копа“ во Анже.

Парижаните со победа ќе бидат недостижни за Марсеј во битката за титулата и ќе се закитат со десеттата шампионска круна во Франција, што е рекорд, кој моментно го имаат Сент Етјен и Марсеј.

 

- Оглас -

Најнови вести