Денеска од 16 часот се играат два натпревари од 29-то коло во првата македонска фудбалска лига.
Академија Пандев ќе ја пречека Брегалница, додека во главниот град ќе се соочат екипите на Работнички и Скопје.
„Пандевци“ кои што во моментов се второпласирани со 55 бодови сè уште чекаат на прва домашна победа над штипскиот тим.
До сега, академијата во два наврати играла против Брегалница на домашен терен и има едно реми од 0:0, како и еден пораз од 0:1. Сега, работите се целосно свртени и Пандев важи за фаворит на средбата, а квотата за нивен триумф во Sport Life изнесува 1.57.
Слична е и таа за триумф на Работнички над Скопје (1.55), а интересно е тоа што за оваа средба, 3+ изнесува 2.14.
Целата денешна понуда за обложување можете да ја пронајдете на сајтот на Sport Life.