На прагот се на милениумски подвиг само да издржат и да не примат 15 гола на два меча

Хадерсфилд бие битка за промоција во Премиерлигата, но тешко ќе го оствари тоа на директен начин со освојување на едно од двете први места во Чемпионшип лигата, бидејќи заостанува зад Борнмут за еден бод и има одиграно дури три меча повеќе.

Имаат загарантирано место за настап во баражите што ќе ги играат екипите од третата до шестата позиција за третиот билет што води во елитниот ранга на натпревари во Англија и една голема причина за радост.

Хадерсфилд има гол-разлика од 60:46 и треба да одигра два меча до крајот на регуларниот дел на првенството и ако не примат 15 гола за првпат по 22 години ќе имаат позитивна гол-разлика, кога играле во еден од двата највисоки ранга во Англија.

Последен пат тоа им се случи во сезоната 1999/2000 кога играа во Чемпионшип како и сега и завршија на осмото место со 74 бода и со гол-разлика 62:49.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести