Дарко Чурлинов запиша асистенција во поразот на неговиот Шалке 04 против Вердер Бремен од 1:4 во дербито на 31-то коло од Бундеслига 2.
Македонскиот репрезентативец влезе во вториот дел, а тој беше „главен“ во голот за неговиот тим, откако ја шутна топката, а таа се одби од Симон Тероде во 88-та минута, но веќе беше касно да се променат нештата околу победникот.
Гостите од Бремен преку Иван Груев (9′), Никлас Фалкург (26′), и Марвин Дуксич (51′ и 53′) дојдоа до важни три бода.
Вердер го презеде врвот и сега има 57 бодови, додека Шалке сега е второпласиран со 56 а следува Сент Паули кој што има 53 но и меч помалку.