Хамилтон: Ова е катастрофа, заборавете ме во борбата за титулата

Мерцедес продолжува да се мачи сезонава, а дека нема напредок говори и фактот дека нивниот најдобар возач, Луис Хамилтон заврши на разочарувачкото 13-то место на вчерашната трка во Имола.

Седумкратниот светски првак повеќе од 15 кругови не можеше да го мине Алекс Албон, а по само 40 изминати кругови беше поминат од Макс Ферстапен за цел еден круг.

„Заборавете ме во борбата за титулата, ова е катастрофа. Но, ние ќе се обидеме да работиме и да направиме некои позитивни работи, а ако ништо друго барем Џорџ Расел успеа да освои некој бод за тимот, жал ми е што не успеав и јас да направам нешто такво“ изјави Хамилтон.

По четири извозени трки, во генералниот пласман води Шарл Леклерк со 86 бодови, пред актуелниот првак Макс Ферстапен со 59. Додека, пак, седумкратниот шампион Луис Хамилтон има само 25 освоени бодови и се наоѓа на седмото место со само еден подиум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести