Ајнтрахт Франкфурт гази безмилосно во Лигата на Европа и е на прагот на финалето по победата против Вест хем во Лондон, вечерва со 2:1 во првиот дуел од полуфиналниот двомеч.
Лајпциг го победи Глазгов ренџерс на домашен терен со 1:0, па поблиску е варијантата да има германско финале на 18 мај во Севилја.
Ајнтрахт поведе со голот на Кнауф во 50-тата секунда и тоа е еден од најбрзите голови сезонава во Лигата на Европа.
Knauff goal for Frankfurt against West Ham pic.twitter.com/Tw9p7W726N
— Live News (@LiveNewsForAll_) April 28, 2022
Мајкл Антонио израмни на 1:1 во 21-вата минута, но сепак Ајнтрахт победи со 2:1, а стрелец на последниот гол на мечот беше Камада во 51-вата минута.
Интересно е што популарните Орли од Франкфурт ги победија сите противници во нокаут-фазата на гостински терен, а претходно паднаа и Бетис и Барселона.
Со голот на Ангелино во 85-тата минута вечерва славеше и вториот германски тим Лајпциг на домашен терен против Глазгов ренџерс.
Реваншите се во Франкфурт и Глазгов на 5 мај.
Во првите полуфинални натпревари во Конференциската лига, Феенорд го победи Марсеј со 3:2 во Ротердам, а Лестер и Рома одиграа нерешено, 1:1 во Англија.
Реваншите се на петти мај во Марсеј и во Рим.