Кој ќе ја наследи империјата на Рајола вредна над 800 милиони евра?

Мино Рајола важеше за еден од најдобрите фудбалски агенти на денешницава, а зад себе остави империја вредна 800 милиони евра.

Секако станува збор за агенцијата која што е под негова сопственост а ги водеше фудбалери како Ерлинг Халанд, Џанлујџи Донарума, Златан Ибрахимовиќ и ред други од најсилните европски лиги.

Останува да се постави прашањето колку од тие фудбалери ќе сакаат да ја продолжат соработката со агенцијата по неговата смрт. А таа, пак ќе биде префрлена на неговото семејство, каде што дополнително ќе бидат и вклучени неговиот братучед Винченцо Рајола, како и адвокатот Хозе Форте кој 20 години соработуваше со овој фудбалски агент.

- Оглас -

Најнови вести