Рангник добил „корпа“ од раководството во јануари – Планот му бил да се купи Луис Дијас, или Душан Влаховиќ

Ралф Рангник, менаџерот во заминување од Манчестер јунајтед имал добар план за јануарскиот преоден рок и сакал да купи есктра напаѓач, но не добил одобрение од раководството на клубот.

Германецот предложил да се купи еден играч од триото Дијас, Влаховиќ, Алварес, но желбата не му беше исполнета.

Луис Дијас замина во Ливерпул и игра одличен фудбал, па се уште има можност да освои четири титули со англискиот гигант.

Влаховиќ се пресели од Фиорентина во Јувентус и од него Старата дама очекува многу во перспектива, а и почетокот не му е лош.

Алварес потпиша договор со Манчестер сити, но остана во Ривер плејт како позајмен играч до крајот на оваа сезона.

Го сметаат за голем потенцијал, а веќе играше на 7 натпревари за Аргентина, иако има само 22 години.

Рангник ќе си замине од кромилото на Манчестер јунајтед на крајот на оваа сезона,без трофеј и веројатно и без пласман во Лигата на шампионите и ќе биде советник во клубот.

Негова замена е Ерик Тен Хаг, кој веќе и официјално е нов тренер на Црвените ѓаволи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести