„Пандевци“ ќе го победат Работнички а има уште една „сигурица“ во денешните средби од ПМФЛ

Сезоната во ПМФЛ поилека се ближи кон самиот крај, а денеска од 17 часот на програмата е 32-то коло. Речиси сите дилеми се познати, а единствено прашање е околу втората односно третата позиција и тоа на две рунди до крајот.

Академија Пандев има 61 бод и го држи второто место, а ќе се сретне со Работнички, каде што се големи фаворити а квотата за победа во Sport Life изнесува 1.35.

Шкендија, пак, е третопласирана со 59 бодови а пред своите навивачи ќе се соочи со новиот првак Шкупи, кој што во Тетово ќе дојде без резултатски мотив, но секако дека ќе сака да покаже зошто е убедливо на првото место.

Македонија ЃП, пак, има 57 бодови и ќе мора да атакува на победата против Струга Трим Љум, а коефициентот за триумф на ѓорчепетровци изнесува 1.50.

Целата денешна програма за обложување, можете да ја погледнете на страната на Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести