Синиша Михајловиќ повторно е на клупата на Болоња, и тоа е одлична вест, бидејќи Србинот ја добива битката со леукемијата, но лошо за него е што фудбалерите на Болоња не играат како што тој посакува и како што ги советуваше.
За Михајловиќ ова е 150-ти меч како тренер на Болоња и тој стана клупски рекордер. Но, Болоња губи со 0-2 после само 20 минути на гостувањето кај Венеција, која е последнопласирана и сигурно ќе испадне во Серија Б.
Болоња без Михајловиќ на клупата, имаше шест меча по ред без пораз, па големо изненадување би било ако загубат од тим кој последната победа ја имаше на 12-ти февруари.