Луд меч во Венеција му го скрши срцето на Синиша Михајловиќ

Фудбалерите на Болоња како да сакаат нивниот тренер да добие срцев удар и му приредија непријатен шок и пораз на гостувањето кај Венеција, во еден од најлудите мечеви сезонава во Серија А.

Михајловиќ после паузата се врати на клупата на Болоња, но тимот рано прими два гола и се најде во негатива против најслабиот тим во италијанското првенство. Следуваше будење и голем пресврт, Болоња поведе со 3-2 во средината на второто полувреме, но потоа дојде нов непријатен период за гостите. Венеција со голови во 78-ма и 93-та минута, направи нов пресврт и ги освои трите бода.

На две кола до крај, Венеција уште има теоретски шанси за опстанок, но ќе им треба вистинско чудо за да останат членови на Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести