Хамилтон разочаран од Мерцедес, но е среќен што заврши меѓу болидите со бодови

Луис Хамилтон има разочарувачка сезона, во којашто е далеку од борбата за титулата. Британецот на вчерашната трка во Мајами заврши како шестопласиран, а имаше што да им каже и на своите механичари од Мерцедес.

„Мораат да ми даваат повеќе информации од боксот. Не можат да ми кажат дека јас одлучувам за некои работи кога тие не ми го даваат целосното инфо за да знам што и како е.

Малку сум разочаран од тимот и од ваквите одлуки, но ќе се обидеме да се поправиме.

Во сета оваа работа добро е што успеав да завршам меѓу болидите коишто на крајот на трката добиваат бодови“, изјави Хамилтон.

Тој во моментов е на шестото место во генералниот пласман со 36 бодови, додека на врвот е Шарл Леклер со 104 од Ферари, додека зад него следува победникот од вчерашната трка и актуелен првак Макс Ферстапен со 85 бодови.

Следната трка ќе се вози за две недели, каде што на програмата ќе биде Големата награда на Шпанија, на трката во Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести