Рангник знае кога Манчестер јунајтед тргна во рикверц

Ралф Рангник го посочи неуспехот во двомечот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите како клучен момент за слабиот финиш на сезоната и нов циклус на натпревари без трофеј за Црвените ѓаволи.

„Кога не елиминира Атлетико се тргна наопаку. Ја загубивме самодовербата, атмосферата и немавме веќе енергија. Дотогаш имавме некаква стабилност во сите редови, па и во одбраната, но потоа не успеавме да се вратиме во посакуваниот ритам. Тоа е моето најголемо разочарување“, вели Рангник.

Манчестер јунајтед во февруари успеа да одигра нерешено 1:1 со Атлетико на гости во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите, но загуби во реваншот со 0:1 на „Олд Трафорд“ и испадна.

Потоа следеше скромно продолжение на сезоната која ќе ја завршат на шесттото, или на седмото место во Премиерлигата без настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Рангник ја заврши мисијата како тренер и тоа неуспешно, па ќе биде советник во клубот, а Манчестер јунајтед веќе го назначи Ерик Тен Хаг како негов наследник.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести