Бразилецот Нејмар веројатно ќе си замине од Пари Сен Жермен, откако Килијан Мбапе потпиша нов договор со Светците од Париз.
Реномираниот „Л`Екип“ објави дека односот меѓу Нејмар и Мбапе е многу влошен, по продолжување на договорот на Килијан со ПСЖ до 2025 година.
Раководството на ПСЖ, како што објави францускито медиум е подготвено веднаш ова лето да го продаде Бразилецот.
Засега гигантите кои имаат пари да го купат Нејмар не покажуваат интерес за негов ангажман, а реална опција е Њукасл со богатите сопственици од Саудиска Арабија да испратат понуда за 30-годишниот напаѓач.
Нејмар не сака да игра за Њукасл, па можно е и да замине во МЛС лигата во Северна Америка.