Флорентино Перес може да се израмни со Сантијаго Бернабеу по број на европски титули

Победа на Реал Мадрид вечерва против Ливерпул, ќе го израмни по бројот на европски титули во нивно време, актуелниот претседател Флорентино Перес, со славниот Сантијаго Бернабеу, човек кој 35 години раководеше со клубот и по кој е крстен и стадионот на Кралскиот клуб.

Перес беше тинејџер и имаше 19 години кога Реал ја освои шестата европска титула во ерата на Бернабеу. Вечерва, Перес може да се изедначи со најголемиот претседател во богатата историја на Реал Мадрид.

Флорентино во 2000 година стана прв човек на Реал, неколку месеци откако клубот по осми пат се искачи на европскиот трон. Перес со ветувањето дека ќе го купи Фиго од Барселона, ги доби изборите, а негова опсесија станаа европските титули.

Во првата сезона со Перес како претседател, Реал испадна во полуфиналето, но веќе во втората, во 2002 година, го крена победничкиот трофеј благодарение на волејот на Зинедин Зидан во финалето против Баер Леверкузен. После тоа, се чекаа 12 години за Десеттата, а таа дојде на драматичен начин во Лисабон, благодарение на голот на Рамос за изедначување во 93-та минута против Атлетико, потоа продолженијата беа во еден правец, Атлетико беше уништен.

Титулите во времето на Перес продолжија со незаборавна низа од три по ред во 2016, 2017 и 2018. Фудбалелрите на Реал вечерва може на Флорентино да му ја донесат шестата европска титула како претседател, и тој да направи уште еден чекор кон бесмртноста како креатор на шампионски состави на Кралскиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести