Езџан Алиоски во моментов игра за Ал Ахли во првенството на Саудиска Арабија во претпоследното коло против Ал Наср, па најрано што може да пристигне во Скопје е утре за да се приклучи во финишот на подготовките за дуелот со Бугарија на 2. јуни.
Поради клупски обврски стандардниот член на македонската репрезентација ќе има само еден тренинг пред патот за Разград, а би требало да биде на теренот на ФФМ во понеделник од 18 часот со соиграчите.
Македонија на 2. јуни во Разград во балканското дерби против Бугарија ќе го почне новиот циклус во Лигата на Нации.
Во нашата група во Ц сегментот во јуни ќе играме со сите ривали, а по Бугарија ни следи гостување кај Гибралтар на 5. јуни и потоа уште два меча дома во кус интервал од десеттина дена.
На 9. јуни ја чекаме Грузија на свој терен, на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а три дена подоцна гостин ќе ни биде Гибралтар.