Нејмар и дружината славеа победа во 100-тиот меч по незаборавниот дебакл од Германија (видео)

Минаа речиси осум години од незаборавниот и многу болен пораз на Бразил со 1-7 од Германија во полуфиналето на СП во 2014 година.

Денес Кариоките го одиграа 100-тиот натпревар по тој дебакл, со убедливи 5-1 ја добија контролата против Јужна Кореја која се одигра во Сеул. Нејмар како двоен стрелец од белата точка го предводеше Бразил, а по еден гол постигнаа Ришарлисон, Кутињо и Жесус за сигурен триумф.

Бразилскиот медиум „Глобо“ ја обелодени статистиката во пресрет на јубилејниот натпревар: 71 победа на 99 меча, 19 нерешени и само 9 порази, со вкупно 203 постигнати и 45 примени погодоци е учинокот на вицешампионот на Јужна Америка.

- Оглас -

Најнови вести