Холандија не е Украина, Лалињата ќе го победат Велс во Кардиф

6101 Белгија – Полска (20.45 часот)

Белгија во Брисел беше декласирана од Холандија со 1-4 во првото коло и ова ѝ е шанса да го поправи впечатокот. Полска тргна со победа од 2-1 против Велс. Полјаците од ноември не знаат за пораз и редовно играат мечеви со 2-3 гола. Белгија и Полска не играле меѓу себе уште од 2007 година, па традицијата и не е преголем фактор. Црвените ѓаволи мора да победат ако сакаат да се вмешаат во битка за врвот, и да го оправдаат својот рејтинг.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

6102 Велс – Холандија (20.45 часот)

Велс не е премногу заинтересиран за настапите во Лигата на нациите, пред три дена ја оствари својата голема желба и по 64 години се пласираа на СП. Лалињата по убедливиот триумф над Белгија, се полни со самодоверба и изненадување би било ако не слават и во Кардиф, каде што ќе има славеничко расположение. Холандија квалитативно е пред Велс, а и има само еден пораз во последните 15 месеци.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

6112 Република Ирска – Украина (20.45 часот)

Дуел на ранети лавови. Ирците во првото коло од Лигата на нациите загубија од Ерменија, а Украина исто така со 0-1 беше поразена во многу важниот бараж-меч за место на СП во Катар. Украинците се навикнаа да играат против селекции од Велика Британија, ова им е трети меч по ред со тим од тој дел на Европа и имаат реална шанса да останат непоразени ако се ментално спремни за овој меч. Разочарувањето што нема да играат на СП е големо. Ирска е незгоден домаќин, но во Даблин многу често знаат да играат и нерешено.

Предлог тип: 0-2 гола (1.59)

 

6111 Шкотска – Ерменија (20.45 часот)

Ерменија добро тргна во Лига Б од Лигата на нациите, дома освои три бода против Ирска, додека за Шкотите ова е прв меч во новата сезона. Шкотска потфрли во баражот за СП против Украина, но против Ерменија би било голем кикс ако не победи. Ерменците на гости не победиле од март минатата година, и тоа против Лихтенштајн, кој е далеку зад Шкотска според квалитетот и реномето.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.86)

 

5736 Танзанија – Алжир (18.00 часот)

Ова е дуел од групата Ф во Африканскиот куп на нациите, во кој гостите се фаворити. Станува збор за натпревар од второто коло. Во првата рунда Алжир дома со 2-0 ја совлада Уганда, а Танзанија на гости одигра 1-1 со Нигер. Алжир има серија од четири меча без примен гол и тоа најавува неефикасен меч вечерва во Дар ес Салам, но традицијата вели поинаку. Последните четири меѓусебни дуели беа со 3+ голови.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.12)

- Оглас -

Најнови вести