Андрес Иниеста е фудбалер кој повеќе од 20 години помина во дресот на Барселона, од младинската школа, па сè до времето кога 15-тина години беше еден од главните играчи на каталонскиот гигант. Во 2018 година Иниеста реши да си замине од „Камп ноу“ и потпиша за Висел Кобе во Јапонја.
Иниеста има 38 години и веќе петта сезона го носи дресот на Висел Кобе, каде што е и капитен. Актуелниот договор му е до 2024 година, што значи дека ќе игра додека наполни 40 години.
Самиот фудбалер објави фотографија на социјалните мрежи, а фановите беа изненадени колку Иниеста „остарел преку ноќ“. Многу навивачи со чудење ја прифатија фотографијата, а еден од многуте коментари гласеше „Човече, колку си остарел!“
😃😃😃 pic.twitter.com/jEszMlOarx
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) June 7, 2022