Азар често ја грее клупата на Реал Мадрид, и Белгија е зијан (Видео)

Еден Азар промаши чист зицер во четвртата минута на мечот меѓу Белгија и Полска во Сегментот А од Лигата на нациите.

Капитенот на Црвените ѓаволи беше во чиста ситуација да го совлада Драговски, но промаши празен гол од десеттина метри.

Еден сè почесто ја грее клупата на Реал Мадрид, долго беше и повреден, што му се одразува и на игрите во дресот со националните симболи на Белгија.

 

По половина час игра во Брисел, резултатот е 0:1 за гостите од Полска, а стрелец на голот е Роберт Левандовски на мечот од четвртата група во Сегментот А во Лигата на нациите.

Голот на капитенот на Полска можете да го погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести