Отворен патот за Зидан: Покетино си заминува од ПСЖ

Раководството на Пари Сен Жермен и тренерот Маурисио Покетино постигнале взаемна согласност за раскин на договорот, пренесува „The Athletic”. Двете страни имале состанок на кој било разговарано за успехот на екипата во сезоната 2021/22.

ПСЖ ја освои титулата во Франција, но испадна во осминафиналето од Лигата на шампиони. Било заклучено дека сезоната не е прекмногу успешна и затоа време е Покетино да си замине.

Според многу најави, веќе се знае и наследникот на Покетино, а тоа ќе биде Зинедин Зидан. Легендарниот Французин треба деновиве да потпише договор со Светците и да состави тим со кој ќе има многу поголеми успеси во новата сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести