Се спрема широка коалиција – Јужноамериканците за 100 години јубилеј ќе го враќаат Мундијалот дома (Фото)

Четири јужноамерикански држави, Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај, се во игра за да бидат коорганизатори на Светското првенство во 1930 година, на 100 годишнината од првиот Мундијал што го организираше Уругвај во 1930 година.

„За ваков огромен јубилеј на стогодишнина од првото Светско првенство, мораме да го вратиме Мундијалот дома, во Јужна Америка. Правиме напори да учествуваме со заедничка кандидатура на четири земји, Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле“, изјави првиот човек на Јужноамериканската фудбалска конфедерација, Алехандро Домингес.

Јужна Америка досега организираше пет Мундијали, а ако успее кандидатурата, ќе се прослави и големиот јубилеј на 24-тото Светско првенство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести