Јувентус пазари хрватски талент, навивачите се молат да не е „новиот Пјаца“

Јувентус наскоро ќе го официјализира ангажманот на Ивано Срдоч, 17-годишниот дијамант на Риека.

Суперталентираниот крилен офанзивец го чека тригодишен договор, а неговиот трансфер ќе вреди од еден до четири милиони евра во бонуси, зависно неговиот развој во редовите на Старата дама.

Во таборот на Риека веруваат дека Срдоч има потенцијал и квалитет во иднина да биде голема ѕвезда во топ 5 лигите во Европа, додека скаутите на Јувентус извесно време го следеле неговиот прогрес пред клубот да се одлучи да го ангажира.

Навивачите на Бјанконерите се надеваат дека нема да се повтори случајот со Марко Пјаца, последниот хрватски фудбалер кој Јуве го купи директно од хрватскиот шампионат. Динамо Загреб тогаш заработи 30 милиони евра за крилото, но повредите и неконстантните настапи го спречија Пјаца да го оправда потенцијалот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести