Сенегалскиот репрезентативец Боуна Сар доби пријатно изненадување и продолжен престој во Баерн Минхен со доаѓањето на големото засилување, Садио Мане.
Сар е веќе две години во Минхен, откако во 2020 година потпиша четиригодишен договор со Баерн и малку игра, но сега Баварците го вратија од отпишаните.
Иако требаше да си замине, 30-годишниот офанзивец од Сенегал ќе остане во Баерн за да му го направи поудобен престојот на Мане.
Двајцата се дел од репрезентацијата на Сенегал која стана шампион на Африка, а и ќе играат на Мундијалот во Катар.
Сар има одиграно само 13 натпревари за Баерн од 2020 година и нема постигнато гол се уште, а чудно, но и вистинито има идентичен ефект и во сенегалската репрезентација со 13 меча и без погодок.