Една од најсилните репрезентации која низ историјата го имала Бразил, секако е составот од Светското првенство во 2002 година. Пред точно 20 години, селекцијата на Кариоките доминираше на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја и стигна до мундијалскиот трон.
Во чест на тој трофеј освоен пред две децении, фудбалерите кои тогаш беа дел од репрезентацијата, се собраа во Рио де Жанеиро. На собирот беа присутни речиси сите играчи кои беа на планетарниот собир и поставија досега неверојатен рекорд.
Бразил одигра седум меча на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја и е единствената селекција која до титулата стигнала со таков перфектен биланс од седум победи. Предводници на таа легендарна генерација беа Роналдо, Ривалдо, Кака, Роберто Карлос, Кафу, Дида, Едилсон, Лусио, Жилберто Силва…
Brazil’s legendary 2002 squad reunited to celebrate the 20th anniversary of their fifth World Cup title 🏆🇧🇷 pic.twitter.com/rxlKqBIsaw
— B/R Football (@brfootball) July 1, 2022
На собирот, сите фудбалери ги носеа дресовите со кои настапија на Мундијалот, а капитенот Кафу оддржа говор. Во финалето на тоа Светско првенство, Бразил со двата гола на Роналдо ја победи Германија. На патот до финалето, Бразил во групната фаза ги победи Турција (2:1), Кина (4:0), Костарика (5:2), а потоа во нокаут системот ги елиминираше Белгија (2:0), Англија (2:1), Турција (1:0) и на крај во финалето Германија со 2:0.