Машката ракометна репрезентација на Македонија, денеска ќе ги добие противниците со кои ќе треба да игра на Светското првенство во јануари. Ждрепката која ќе се влече во полскиот град Катовице, е закажана со почеток во 17 часот.
Ракометниот Мундијал ќе се игра во Полска и Шведска. Maшката репрезентација на Македонија ја очекува осмиот настап на СП, а нашите ракометари се во вториот шешир.
Тоа значи дека ги избегнуваат Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Црна Гора, Бразил и еден од домаќините, Полска, а нема да играат ниту против Франција и африканскиот првак. Во комбинација за градови во кои може да игра нашата селекција остануваат Краков, Катовице, Гетеборг, Јончепинг и Малме.
Ждрепката ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Интернационалната ракометна федерација, ИХФ.
На 18-ти јули кога ќе заврши Африканското првенство, ќе се знаат сите учесници на СП 2023. Во последниот шешир се сместени Словенија и Холандија кои добија вајлд-карти, па може да има и барем една „група на смртта“.
При денешната ждрепка, во Шешир број 1 се: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, претставник од Африка 1
Шешир 2: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија
Шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Африка 3, Чиле
Шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Кореја, САД, Холандија, Словенија.
Ждрепката може да се проследи на следниот линк: