Пукна првата петарда на Азискиот куп

Иран уште на стартот од Азискиот куп со одлична игра го потврди статусот на фаворит за титулата и со 5:0 го декласира Јемен.

Мехди Тареми со два гола во период од само 13 минути ги разреши дилемите околу победникот, а во меѓувреме Ал Совади си постигна автогол, па по првиот дел веќе беше 3:0.

Напаѓачот на Рубин Казан, Сердар Азмун на почетокот на вториот дел го постигна четвртиот гол за Иран, а повторно блесна Тареми, овојпат со асистенција.

Саман Годос во 78. минута го постави конечниот резултат од 5:0 и ова е најубедливата победа во досегашниот дел од првото коло на купот.

Во Д групата со Иран и Јемен се и Виетнам и Ирак, репрезентации кои допрва треба да го играат мечот од првото коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести