Барселона ќе има моќен тим, ако Чави Ернандес и раководството на клубот си го исполнат комплетно планот за летни засилувања.
Каталонски „Спорт“ објави како би изгледал составот по вкус на Чави, но има уште доста фудбалери што треба да се купат за идеален ростер според желбите на тренерот.
[Sport] Xavi’s dream squad for the 2022-23 season. from soccer
Тер Штеген би бил прв голман, а замена му е Ињаки Пења. Аспиликуета кој се уште не е купен од Челзи и Сержињо Дест би биле конкуренти на позицијата десен бек.
Пике и Кристенсен, односно Араухо, Гарсија и Кунде би биле кандидати за двете стоперски позиции, а лев бек би игра Алба, или Маркос Алонсо.
Бускетс и Нико се конкуренти за позицијата дефанзивен играч за врска, а најинтересно е веројатно на левата странична позиција во средниот ред каде Барса би имала четири врвни играчи.
Гави, Роберто и Де Јонг се тука, а се чека сензационално пристигнување на Бернардо Силва од Манчестер сити.
Педри и Кеси би се менувале на спротивната страна, а Барса ќе има и гром напад, ако успее да ги доведе Левандовски и Рафиња, односно го задржи Дембеле.
Фати, Феран Торес, Обамејанг се веќе членови на Барса, исто како и Дембеле, кој треба да го продолжи договорот со клубот, па се очекуваат Левандовски и Рафиња за страшен состав на шпанскиот гигант за сезоната 2022/23.