Македонскиот репрезентативец направи трансфер во Турција кај Јаховиќ

Македонскиот репрезентативец Леонид Жута е нов играч на турскиот Коњаспор, потврдија од клубот кој моментно е на осмото место на табелата во првенството. Договорот е на две и пол години, што значи дека таму ќе остане до јуни 2021 година.

Жута во изминатиов период ги бранеше боите на Риека, а вели дека договорот со турскиот тим бил постигнат многу брзо.

„Преговорите траеја само два-три дена и успеавме да се договориме за сите прашања. Среќен сум што сум тука. Се надевам дека брзо ќе се прилагодам на новата средина. Се надевам дека ќе ми биде последно бидејќи тука е и Адис Јаховиќ, со кого се знам од порано. Дојдов во квалитетна лига и се надевам дека ќе можам да помогнам“, рече Жута, кој веќе е во Анталија заедно со новите соиграчи од Коњаспор.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести