Озил го прекрши сопствениот збор, сега има нова истанбулска спортска адреса

Некогашниот германски репрезентативец, Месут Озил, ќе ја продолжи кариерата во екипата на Башакшехир Истанбул. Озил пред само неколку недели најавуваше дека неговиот последен клуб во кариерата ќе биде Фенербахче, но тоа ветување не го исполни.

Иако имаше договор со турскиот гигант, по доаѓањето на новиот тренер на Фенербахче Жорж Жезус, јасно стана дека Озил нема да има место во првиот тим, па најдобро за него беше да си замине.

Башакшехир е клуб кој во 2020 година ја освои титулата во Турција, а минатата сезона заврши на четвртото место што значи дека е клуб со високи амбиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести