Бесир Демири ќе го менува Леонард Жута во Риека?

Леонард Жута си замина од Риека и ќе игра со Адис Јаховиќ во турскиот прволигаш Коњаспор, а на негово место како замена на позицијата лев бек Риека сака да го доведе Бесир Демири.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, сега член на селекцијата А на Албанија е слободен играч откако доби зелено светло да замине од украинскиот клуб Мариупол.

Ситуацијата со Демири е невообичаена. Левиот бек, кој порано играше за Шкупи, Шкендија и за Вардар беше дел од златната генерација наши младинци која играше на Европското првенство во Полска, но потоа одлучи да игра за сениорската селекција на Албанија.

Ако потпише за Риека, како што најавуваат хрватските медиуми, тогаш Демири повторно ќе му биде соиграч на Дарко Велковски, уште еден член на генерацијата младинци кои за првпат играа на големо натпреварување, на ЕП во Полска за играчи до 21 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести