Шкендија има добар резултат, 1:1, по првото полувреме против летонска Валмиера на гостински терен во второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.
Со голот на Љупче Дориев во деветтата минута, тетовци поведоа со 1:0 во Рига, но примија гол во последните моменти од првиот дел.
Потенцијалниот македонски репрезентативец мудро погоди откосо во деветтата минута и донесе предност за македонскиот претставник.
Израмни Гвеје со погодок во 45-тата минута.
Шкендија го игра вториот меч на гости во овој циклус квалификации за настап во Конференциската лига и си има одличен рецепт, со ран гол до успех.
Во претходната рунда, тетовци поведоа со 1:0 во Ереван против Арарат со гол во втората минута, односно автогол на Браво, и одиграа нерешено 2:2, што им донесе вкупна победа од 4:2 и двомеч со Валмиера, екипа што е лидер во летонското првенство.