Лавовите ја држат ЦСКА далеку од својот гол, но десеткувани ќе го доиграат дуелот

Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија засега играат мирен натпревар на стадионот „Петар Милошевски“ во тренинг-центарот на ФФМ, без голови и посериозни закани кон голманите.

Лавовите се малку поконкретни од бугарскиот противник и почесто се закануваат, меѓутоа по првиот дел домаќините се без конкретна прилика за славење. ЦСКА за нијанса повеќе има контрола врз топката, но е далеку од голот на Стевковски.

Црна дамка за екипата од Ѓорче Петров ќе биде исклучувањето на Ламос Матеус пред самиот финиш на првото полувреме. Матеус заработи два жолти картони и исклучување само за пет минути и ги остави соиграчите на цедило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести