Ѕвездата на Дортмунд го направи првиот чекор кон закрепнување од ракот на тестисите

Себастијан Халер пред три дена мораше да ги прекине претсезонските подготовки откако на клупските медицински прегледи му беше откриен рак на тестисите.

Борусија Дортмунд веднаш го прати на дополнителни тестови, по што набрзо потоа се започна и процесот на лечење на напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска.

Халер денес потврди дека го направи првиот чекор кон закрепнување и се заблагодари за поддршката.

„Здраво на сите, би сакал да ве известам дека првата фаза е комплетирана. Му благодарам на Дортмунд и на медицинскиот тим кој одлично се погрижи за мене, како и на медицинските сестри кои непрекинато ме поддржуваат во текот на процесот“, напиша Халер на социјалните мрежи.

https://twitter.com/HallerSeb/status/1550182084349775874

- Оглас -

Најнови вести