Би било сензационално: Чави и Лапорта режираат камбек на Меси во 2023

Управата на Барселона го поддржа тренерот Чави со бројни летни засилувања кои гарантираат квалитет. Левандовски, Кеси, Рафиња и Кристенсен се новите имиња, Кунде е на пат кон „Камп ноу“, а планирани се уште Аспиликуета и Алонсо, бековското дуо на Челзи.

Каталонците со комплетно обновновен тим ќе влезат во новата сезона, а што се однесува до наредниот летен преоден рок, Чави има само една желба – враќање на Лео Меси.

Предводникот побара од Лапорта да се чуваат средства за летото 2023 година, кога Меси ќе биде слободен играч. Договорот со ПСЖ му важи уште една година, клубот му понуди продолжување до крајот на сезоната 2023/24, на што Аргентинецот ќе одговори дури по Мундијалот во Катар. Меси на малата врата ја напушти Барселона минатото лето, откако управата не успеа да обезбеди средства за продолжување на договорот, па сега таа грешка треба да се поправи.

Лео е најуспешниот фудбалер во историјата на Барселона со 34 трофеи и рекордер по бројот на голови – 670 гола и 302 асистенции запиша во 776 настапи, па иако следната година ќе има 36 години, овие бројки доволно говорат зошто Барса ќе направи сè што може за да го врати на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести