Нејмар одигра одличен меч за Пари Сен Жермен против Гамба Осака, постигна два гола и имаше една асистенција, но пак е на цел на критики и на потсмев по измамата со потег што го направи во 32-рата минута.
Бразилецот одглуми фаул што не постоеше и доби пенал, а уште еднаш потврди дека е еден од најголемите измамници во модерниот фудбал.
https://twitter.com/skulsonofficial/status/1551533172294402048?s=20&t=0HN1qjWvW-PeCRsWSNWqOg
Нејмар го изведе пеналот и погоди во тој момент за 2:0 за ПСЖ на дуелот што заврши 6:2 за францускиот првак.