Рамос со гол број 100 во кариерата – Реал убедлив против Леганес

Реал Мадрид направи голем чекор кон следната рунда од Кралскиот куп откако со убедливи 3-0 на домашен терен славеше победа против Леганес во првиот дуел од двомечот.

„Кралевите“ воедно му се реваншираа на Леганес за елиминацијата во минатогодишното издание од шпанскиот куп, а работата ќе треба да ја завршат на 16-ти јануари.

Водечкиот гол за домаќините го постигна Серхио Рамос во 44-тата минута од средбата. Капитенот на Реал погоди од белата точка и го запиша вкупно 100-тиот гол во својата кариера настапувајќи за Севилја, Реал Мадрид и репрезентацијата  на Шпанија.

Лукас Васкес зголеми на 2-0 во 68-мата минута, а откако Винисус му асистираше на Шпанецот, младиот бразилски офанзивец го постави конечниот резултат во 77-мата минута.

Претходно, Хетафе минимално го совлада Валјадолид со 1-0, а Вилјареал и Еспањол ремизираа при конечни 2-2.

https://www.dailymotion.com/video/x70cx3c

 

https://www.dailymotion.com/video/x70cyvi

 

https://www.dailymotion.com/video/x70cz80

- Оглас -

Најнови вести