Ливерпул води со 1-0 против Манчестер сити по првото полувреме во Комјунити шилд-дербито, благодарение на Тренг Александер-Арнолд.
Со одличниот погодок на десниот бек, Црвените се поблиску до првиот трофеј во новата сезона во Англија против актуелниот шампион, а како виновник што Граѓаните уште се во негатива, може да се издвои Ерлинг Халанд.
Ноовата суперѕвезда на Граѓаните во 34-тата минута се најде во зицер ситуација да израмни на 1-1, меѓутоа не реагираше најдобро пред голот на Адријан. Халанд сакаше во скок да шутира од прва, меѓутоа не ја усмери топката како што сакаше и засега е трагичар за тимот кој го води Пеп Гвардиола.