Хулијан Алварес донесе израмнување за Манчестер сити од 1-1 против Ливерпул во Комјунити шилд-пресметката на стартот од сезоната во Англија.
Младиот аргентински офанзивец со слични карактеристики на клупската легенда Серхио Агуеро, само 12 минути по влегувањето во игра успеа да го запише дебитантскиот гол за англискиот шампион, иако сите чекаат првенец на Ерлинг Халанд.
Прво судискиот тим го поништи голот на Алварес во 70-тата минута поради недозволена позиција, но по контакт со надлежните во ВАР-собата се испостави дека голот на Алварес е регуларен.
GOAL! Liverpool 1-1 #ManCity, Julian Alvarez! [72’]
pic.twitter.com/DGURToxlhm— ALAN (@Wotyyt) July 30, 2022