Кристофер Нкунку е прогласен за фудбалер на сезоната во Германија во изборот на реномираниот спортски магазин „Кикер“.
Напаѓачот на Лајпциг го победи Роберт Левандовски за само шест поени и го спречи Полјакот да направи хет-трик.
Нкунку во изборот што го организираше „Кикер“ доби 134 гласа, а Левандовски кој победуваше на двата претходни избори доби 128 гласа.
Трет е голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап за кого гласаа 68 учесници во изборот на „Кикер“.
Christopher Nkunku has been named Footballer of the Year by German football magazine Kicker, beating Lewandowski by 6 points (total votes 706) from soccer
Признанието на „Кикер“ за фудбалер на сезоната во Германија е многу ценето, бидејќи има богата традиција и се доделува од 1960 година.