Од Тиквеш потврдија: Мечот против Шкупи во првото коло нема да се игра во предвидениот термин

Екипата на ГФК Тиквеш преку социјалните медиуми потврди дека мечот од првото коло во новото фудбалско првенство против шампионот Шкупи нема да се одигра во предвидениот термин, а тоа е претстојниот викенд.

Овој дуел ќе се игра на 7 септември на Градскиот стадион во Кавадарци, потврдуваат од ГФК Тиквеш.

Причина за одложување на мечот е настапот на Шкупи во квалификациите од Лигата на Европа. Чаирчани утревечер гостуваат кај Шемрок во Ирска.

Поради исти причини, мечот од првото коло најверојатно ќе го одложи и Шкендија, која исто така има европски обврски, и тоа во рамките од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Шкендија утревечер ќе гостува кај АИК во Шведска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести