Жалгирис е добар за кошарка, во фудбалот има многу да учи за да игра во ЛШ

Бодо/Глимт го декласира Жалгирис со 5:0 во првиот дуел од третото квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите и Норвежаните се многу блиску до плејоф против Динамо Загреб или Лудогорец.

Жалгирис е првиот тим во историјата на литванскиот фудбал што сепак и покрај дебаклот денеска, ќе игра во фаза по групи во еврокуповит, откако со сензационалната елиминација на Малме во претходното коло си обезбеди настап во Конференциската лига на УЕФА.

Сепак, популарната „Зелена шума“, што е името на Жалгирис, тешко дека ќе има шанси за настап во Лигата на шампионите по тешкиот пораз вечерва од Бодо/Глимт.

Во вториот дуел што се играше вечерва во квалификациите за ЛШ, Карабах на домашен терен одигра нерешено 1:1 со Ференцварош.

Во тек е мечот во Хаифа меѓу Макаби и Аполон и на полувреме е 1:0 за домаќините, а од 20 и 20.45 часот ќе играат Динамо Киев со Штурм и Црвена ѕвезда со Пјуник.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести